Премиер лига: Њукасл со 6 гола го порази Тотенхем, Вест Хем броеше до 4 против Борнмаунт!

Фудбалерите на Њукасл славеа со убедлива победа против Тотенхем во натпреварот од 32-то коло во Премиер лигата. Њукасл успеа да постигне пет гола во првите 20 минути, со два гола на Чавките, по еден гол на Жоелинтон, Калум Вилсон, Џејкоб Марфи и Александер Исак. Тотенхем загуби со убедливи 6:1, што е најголем пораз во последната деценија, последен пат со пет гола разлика загубил од Ливерпул во 2013 година.

По победата, Њукасл зацврсти на четвртото место на табелата со 59 бода, како и третиот Манчестер Јунајтед, додека Тотенхем остана на 53 бода.

Во вториот натпревар, Вест Хем како гостин со 4:0 славеше над Борнмут, каде што Марко Антонио, Лукас Пакета и Деклан Рајс ги постигнаа головите во првото полувреме, а Форналс го постави крајниот резултат во вториот дел.

Слични објави