Јувентус победен од Наполи во 93-тата минута, Милан сигурен против Лече, Интер и Удинезе со по 3 гола, Монца со пресврт против Фиорентина!

Во последниот меч од денешната програма од 31-то коло во италијанската Серија А, екипата на Наполи оствари победа над Јувентус од 1-0. Токму нашиот Елиф Елмас ја имаше улогата на асистент, испрати одлична топка до Распадори кој шутираше од прва и ја затресе мрежата на домашниот тим, со што Наполи дојде до големи три бода и чекор поблиску до Калчото. Овој погодок на гостите дојде до оној на „старата дама“ во 83-тата минута, гол кој беше дело на Ди Марија, но истиот судијата Фабри реши да го поништи откако беше повикан од ВАР собата да ја види повтората снимка, односно прекршокот кој тој претходно се реши да не го досуди над Лоботка.

Милан совлада Лече со 2-0 во Серија А и со тоа испрати јасна порака дека нема намера да се откаже од Топ 4 пласман, поточно позициите кои носат Лига на шампионите во натпреварувачката 2023/2024. Ова за „росонерите“ беше прва домашна лигашка победа од 26-ти февруари, а истата ја донесе Рафаел Леао со по еден гол во двете полувремиња.

Милан има 56 бода исто колку и Рома која утре има соочување со Аталанта во Бергамо, а по ова следи соочување на Милан со Рома, натпревар кој според тренерот Стефано Пиоли ќе биде одлучувачки од прста причина што вреди шесто бода.По мечот со Лече, Пиоли изјави дека наредните две средби, Лече и Рома, ќе бидат одлучувачки за нашиот пласман во Серија А и дека треба да победат во што е можно повеќе натпревари.

Удинезе ја запиша убедливата 10-та победа оваа сезона со 3-0 против Кремонезе, со голови на Лазар Самарџиќ, Перез и Саксес во првото полувреме. Кремонезе е кандидат за Серија Б. исто и Интер подеди со 0:3 на гостувањето кај Емполи со два гола на Лукаку и еден на Мартинез, додека Монца имаше голем пресврт против Фиорентина и на крајот ја победи со 3-2 за нивниот 11-ти триумф оваа сезона. По првото полувреме, Монца успеа да израмни по головите на Куаме и Сапонара за Фиорентина, прво со автогол на Бираги, а потоа со гол на Дени Мота. Вториот гол на Монца од Матео Песина беше поништен од VAR поради играње со рака, но италијанскиот репрезентативец успеа да го заврши пресвртот во 58-тата минута и да им обезбеди победа.

    Слични објави