ЛШ: Реал рутинирано во полуфиналето, Милан подобар од Наполи!

Реал Мадрид обезбеди полуфинале во Лигата на шампионите со триумф над Челси со 2-0 во Лондон. Четата на Карло Анчелоти одолеа на нападите на Челси во првиот дел, располоѓениот Куртоа правеше чуда на голот на гостите од Мадрид,, а во вториот дел двата гола на Родриго му донесоа триумф на Кралскиот клуб. Реал Мадрид во полуфиналето ќе се сретне со победникот од дуелот Баерн – Сити.

Soccer Football – Champions League – Quarter Final – Second Leg – Napoli v AC Milan – Stadio Diego Armando Maradona, Naples, Italy – April 18, 2023 AC Milan’s Olivier Giroud celebrates scoring their first goal REUTERS/Alberto Lingria – UP1EJ4I1JSTB8

Во вториот натпревар на Лигата на шампионите, Милан играше 1-1 против Наполи на „Диего Армандо Марадона“ и обезбеди полуфинале. Оливие Жиру промаши пенал за Милан во 22. минута, но подоцна постигна гол за водство на Милан од 1-0, по одличниот соло продор на младиот Леао. Наполи изедначи на 1-1 во третата минута од судиското продолжение со гол на Осимен, но немаше време за комплетен обрат. Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас влезе во игра во 63-тата минута на местото од Ндомбеле.

Слични објави