Новото освежено издание на Porsche Cayenne, третата генерација на овој SUV, беше премиерно прикажано откако претходно беше долготрајно тестирано низ светот. Клиентите на овој модел можат да очекуваат уште поголема моќност во сите верзии, меѓу другите новости. Редизајнираниот Cayenne има неколку новитети, вклучувајќи го враќањето на 4-литарскиот V8 мотор во верзијата Cayenne S, кој има 474 КС и 600 Nm максимален вртежен момент. Основната верзија на Cayenne и понатаму го задвижува 2,9-литарскиот V6 мотор, а Cayenne E-Hybrid е комбинација на споменатиот мотор со електромотор, кој овозможува возачот да смета на 470 КС.

Новите бои и алуминиумски тркала, како и приспособливата табла со инструменти и централниот дисплеј на мултимедијалниот систем, се дел од промените во кабината. На врвот од понудата е Cayenne Turbo GT во каросеријата Coupé, чиј 4-литарски V8 мотор има 659 КС и овозможува забрзување од 0 до 100 km/h за 3,3 секунди и максимална брзина од 305 km/h. Со опционалниот Lightweight Sport пакет теренецот губи 33 килограми.

