Франческо Тоти е фудбалска икона на Рома, но и има посебен однос со Реал Мадрид. Флорентино Перез повеќе пати ја изрази желбата да го доведе Тоти во Реал, но во тоа не успеа. По крајот на кариерата, Тоти призна дека било тешко да се одолее на понудата која ја добил од „кралскиот клуб“, кој сега признава дека е вториот клуб кој најмногу го сака после Рома. и од тие причини му гостуваше на Кралскиот клуб викендов, на покана на неговиот сонародник Карло Анчелоти.
Вчера, легендарниот капитен на „волчицата“, го гледаше Реал на натпреварот против Селта, а денеска добил можност да биде специјален гостин на тренингот и да мине убаво попладне со ѕвездите кои ги води Карло Анчелоти. Тоти откри дека беше навистина убаво да се биде дел од натпрвар на Реал и дека Анчелоти и тој имаат многу добро пријателство и често зборуваат. Според Тоти, Карло е вистинска личност, вистински пријател и секогаш шири позитивни работи. Исто така, изјави дека има посебен однос и со Лука Модриќ и дека тој е не само голем играч, туку и прекрасна личност, искрен и природен.
Тоти на крајот од посетата изјави дека Реал Мадрид е многу голем клуб и дека по Рома, постои само еден клуб за него, а тоа е Реал Мадрид. Тоти истакна дека Реал е неговиот втор клуб и дека за него отсекогаш навивал. Воопшто, тој беше многу благодарен што му беше укажана честа да ги запознае ѕвездите на Реал Мадрид.
