Илон Маск стана најследената личност на Твитер со 133,1 милиони следбеници. Тој го престигна поранешниот американски претседател Барак Обама, кој моментално има 133 милиони следбеници.
Според Гинисовата книга на рекорди, Твитер има околу 450 милиони активни корисници месечно. Околу 30 отсто од нив го следат Маск, кој минатиот октомври го купи Twitter за 44 милијарди долари. Откако Маск ја презеде сопственоста на компанијата, Twitter изгуби повеќе од половина од својата вредност.