Во пресметката на Чукарички и Партизан, во Првата Српска лига,кој воедно е и битка за второто место кое носи место во квалификациите за ЛШ следната сезона, настана хаос и беше прекинат во 20-та минута.
На стадионот на Баново Брдо, навивачите на Партизан, популрните Гробари, започнаа да палат пиротехника на теренот, што доведе до четири прекини и давање на пауза на мечот. По петтиот прекин, одлучено беше да се испразни трибината, но навивачите не сакаа да заминат, што доведе до судир со полицијата.

Иако дел од навивачите ги напуштија трибините, други останаа и ја прекинаа играта со фрлање на столчиња. Судијата одлучи да го прекине мечот, а натпреварот ќе се доигра утре. Според извештаите, десетици навивачи на Партизан се уапсени.