Ѓоковиќ во Монте Карло потешко од очекувањата ја впиша 300-та победа на земја!

Новак Ѓоковиќ беше на принудна пауза, поради забраната да игра на двата американски турнири. Неговото враќање на терените беше најавено на турнирот во Монте Карло, каде ќе го брани тронот како светски рекет број еден.

Иако како домаќин (живее во Монако), тој мораше да се изнамачи на првиот тест, кој на хартија не требаше да биде толку тежок. Противник му беше Иван Гахов, рускиот тенисер кој е на 198-от место на АТП листата, требаше да биде лесен испит за Ѓоковиќ. Но тој се покажа како цврст орев во првиот сет, во кој успеа да направи брејк и да поведе со 4:3. Но, Ѓоковиќ експресно возврати и на крајот освои првиот сет со тајбрејк. Потоа, беше доста поубедлив и вториот сет го освои со 6:2, направи два брејка.

Интересен беше моментот кога србинот не беше задоволен по еден освоен поен на Гахов кој е во моментов на 198. место на АТП-листата, по што гласно прокоментира, „сите против мене се разигруваат“, а потоа следуваше и помалку невкусен коментар, но сето тоа беше во пристојни граници. Дел од публиката го слушна коментарот и се насмеа на реакцијата на најдобриот светски тенисер. 

Мечот траеше час и 48 минути, Ѓоковиќ славеше со убедливи 2-0, за пласман во третата рунда, каде го чека подобриот од пресметката помеѓу италијанските тенисери Нарди и Музети,.За Ѓоковиќ ова беше јубилејна 300. победа на земјена подлога.

Слични објави