Националниот експертски жири за избор на “Автомобил на годината во Македонија” го избра победникот на најпрестижната и најпосакуваната награда во автомобилската индустрија за 28-ти пат. Ова продолжува традицијата на наградување на моделот кој пристигна на македонскиот пазар во текот на минатата година, и според критериумите на Националниот жири, заслужува да ја добие наградата. Освен наградата “Автомобил на годината во Македонија”, Националниот жири доделува и две признанија – SUV на годината и EV на годината (електричен автомобил на годината).
Меѓу моделите кои пристигнаа на македонскиот пазар помеѓу двете избори, Националниот жири за избор на “Автомобил на годината во Македонија” според Правилата на процедурата и критериумите за избор, одреди седум (7) финалисти: Alfa Romeo Tonale, Citroen C5 X, Kia Sportage, Opel Astra, Peugeot 308, Skoda Fabia и Toyota bZ4X.
Финалистите беа оценети според следните шест критериуми: – адекватност и достапност на домашниот пазар, – ефикасност и прифатливост за околината, – безбедност и примена на технолошките постигнувања, – возни својства, – дизајн, и – удобност и опрема.
Секој член на жирито има право на еден глас. Финалистите сами имаат право на глас, кој можат да го искористат за да гласаат за кандидат,но не и за сопствениот модел.
Според сите критериумите за избор, членовите на Националниот жири за изборот на “Автомобил на годината во Македонија” за 2023 година се одлучија за моделот: Peugeot 308.
Во објаснувањето на жирито за победникот се вели: “Третата генерација на Peugeot 308 направи значаен технолошки чекор напред во класата. Уникатен во својот стил, со мулти-енергетски можности и две стилски изведби, успева да ги вклопи класичните вредности на минатото, рационалноста на современата технологија, и иднината со максимално почитување на природата. Изграден на најновиот ажурирање на EMP2 платформата, може да носи бензински и дизелски мотори, потоа електрификација во форма на капацитетен плуг-ин хибрид, како и потполно електрична верзија.”
Ова е прв пат Peugeot да ја добие наградата во Македонија, во 27-годишното постоење на овој избор.
“СУВ на годината” признанието беше доделено на моделот KIA SPORTAGE, додека за “ЕВ на годината” (електричен автомобил) беше избран моделот FIAT 500e.
„ Во специфични услови за сите нас кога и во автомобилската индустрија во тек е голема револуција и напредок, го заокружуваме овој 28-ти Национален „Избор на Автомобил на годината во Македонија“. Горди сме што единствената и најстарата манифестацијата од ваков вид во Македонија останува препознатлива и ја продолжува традицијата почната од 1995 година. Возилата постојано се подобруваат, индустријата оди напред, но купувачите секогаш остануваат подеднакво пребирливи. Верувам дека и во следниот период ќе придонесеме за препознавање и наградување на оние што навистина се најдобри“, вели Горан Антевски, претседател на Националното Жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“.
Досегашни победници во изборот за „Автомобил на годината во Македонија“:
1996 Fiat Bravo/Brava 2012 Кia Rio
1997 Renault Megane 2013 Seat Leon
1998 Opel Astra 1998 2014 Skoda Octavia
1999 Skoda Octavia 2015 Ford Mondeo
2000 Fiat Punto 2016 Skoda Superb
2001 Seat Leon 2017 Kia Sportage
2002 Toyota Corolla 2018 Dacia Duster
2003 Mazda 6 2019 Ford Focus
2004 Mazda 3 2020 Opel Corsa
2005 Seat Altea 2021 Citroen C4
2006 Vоlkswagen Passat 2022 Hyundai Tucson
2007 Opel Corsa
2008 Kia Cee`d
2009 Volksvagen Golf VI
2010 Opel Astra IV
2011 Hyundai iX35