Францускиот спортски весник „Л’Екип“ ги објави платите на фудбалерите во француското првенство, но на првите 10 месета се само играчите на ПСЖ. Килијан Мбапе е убедливо најплатениот со неверојатни 6 милиони евра месечно, што е приближно исто колку платите на Нејмар и Меси заедно.
Напаѓачот на Монако, Висам Бен Једер е на 11 место со 650.000 месечно, додека 13-ти Џордан Верету од Марсеј со плата од 550 илјади евра. Останатите во ТОП 15 исто така се од ПСЖ.
Платите на ТОП 10 фудбалерите на ПСЖ се следни:
- Килијан Мбапе – 6 милиони евра
- Нејмар – 3,675
- Лионел Меси – 3,375
- Маркињос – 1,2
- Марко Верати – 1,2
- Ашраф Хакими – 1,083
- Џанлуиџи Донарума – 916.000С
- Серхио Рамос – 791.600
- Хуан Бернат – 730.000
- Норди Мукиеле – 700.000