Продолжуваат врнежливите денови во април.
Минималните температури ќе бидат во интервал од три до 10 степени, а максималните од 9 до 16 степени.
Во Скопје не очекува променливо облачно време со повремен дожд и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Наредната недела според Управата за хидрометеоролошки работи не очекува слично облачно и дождливо време.
Во следните три дена минималната температура ќе се движи од три до 9 степени, а максималната од 12 до 21 степен.