НЕВЕРОЈАТНА ГЛЕТКА ВО ОХРИД: Големо јато фламинга го прелетуваа Охридското езеро (ВИДЕО)

од Вести365.МК Ј.Р.

Туристите кои го посетија Охрид за Велигден годинава беа почестени со неверојатна глетка – јато фламинга во лет над езерото.

Фламингата се крупни птици, високи над еден метар, а овој вид, Големото фламинго (Phoenicopterus roseus) е распространет на најголема површина – во Северна Африка, Јужна Азија, Јужна Европа и на Блискиот Исток, а се среќава и на север до германско-холандската граница.

Во последните години, оваа егзотична птица сѐ почесто се забележува во Македонија, на Охридското и Преспанското Езеро.

Слични објави