Денеска се празнува Светол Понеделник: Еве со кого треба да го поминете денот и што да правите за да бидете среќни цела година

од Вести365.МК Ј.Р.

Денеска е втор ден Велигден и со овој ден почнува светлата недела.

Со оглед на тоа дека велигденското славење трае три дена, на денешен ден се продолжува обилната гозба на која се честат гости, роднини, соседи, пријатели, кумови.

Кај христијаните денешниот празник е познат и како Светол понеделник и за овој ден важно е да запомните дека денот треба да биде исполнет со веселба.

Затоа дружете се, веселете се и целата година ќе ви биде успешна.

Слични објави