“Трето полувреме” во Мадрид, Валверде пријавен за физички напад!

По фантастичниот дерби натпревар меѓу Реал Мадрид и Вилјареал се случи инцидент, Федерико Валверде (24) на паркинг го чекаал Алекс Баена од Вилјареали и го удрил со тупаница. Веста ја потврди шпанскиот спортски медиум „Марка“. Иако Валверде подоцна посочи дека Баена го провоцирал и му испратил погрдни зборови за неговото неродено дете, оваа верзија беше демантирана од Баена преку социјалните мрежи. По долго размислување денеска Баена реши да го пријави Валверде во полиција и инцидентот ќе добие и правен чин.

Фактот што инцидентот не е запишан во судискиот бележник значи дека Валверде повеќе од веројатно нема да добие суспензија во Ла Лига, но ќе треба да дава изјави во полиција и пред суд за својата агресија на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.

Соочена со оваа ситуација, екипата на Вилјареал го поддржува својот играч и го осудува насилството. како што изјавија Баена ќе го поддржуваат и во текот на правниот процес.

Слични објави