Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски со својот тим Ал Феиха играше против Кристијано Роналдо и Ал Наср, но натпреварот заврши без голови.
Нашиот напаѓач кој го одигра целиот меч постигна прекрасен гол во 21 минута, но истиот беше поништен поради офсајд, сепак на крајот им “украдоа” два бода на фаворитот Ал Наср..
Ал-Наср кој има 53 бодови останува во игра за шампионската титула, додека Ал Фејха е на 11 позиција со 25 бодови, а на крајот на мечот македонскиот фудбалер доби повисока оценка од Португалецот.