На 25-ти април, вторник, Mercedes-Benz ќе ја открие редизајнираната E-класа. Една фотографија-најава ни дава прв поглед на новата генерација на седанот, со познат дизајн, но можеме да видиме само дел од возилото.
Бројните шпиунски фотографии го прикажуваат освежениот модел како се тестира во повеќе изведби и тримови. E-Class ќе добие еволутивен дизајн, кој, иако изгледа слично на моменталниот автомобил, е нов.
Фотографите подолу ги споредуваат двата автомобили, новиот модел (слика 1), и постоечкиот (слика 2), каде се забележуваат неколку разлики.


Карактерната линија на страната над рачките на вратите на новиот модел ја нема, линијата е поостра кон предниот и задниот дел на седанот во новиот модел, како и задните штоп светла се пооштри.
Значајни промени доаѓаат во кабината, каде возачот добива посветлен дигитална инструмент табла. Моделот исто така ќе има вграден екран за информативно-забавниот систем на таблата, слично на целосно-електричниот EQE.
E-Class ја поврзува низата на Mercedes помеѓу C- и S-Класите, и тој кросовер ќе биде видлив во интериерот со 11.9-инчниот екран од C-Class како стандардна опрема и 12.9-инчниот OLED екран од S-Class како достапна опција, според гласините.
Деталите за пподновената E-класа линија околу погонските агрегати остануваат мистерија. Сепак, тие ќе бидат електрифицирани во некоја форма, бидејќи Mercedes вели дека “континуираната електрификација” на новиот E-Class “става нови стандарди во ефикасноста” и овозможува “локално беземисионско возење”. AMG моделите нема да можат да се избегнат од ова, со некои модели што веројатно ќе ги имаат plug-in-хибридни подготовки.
Како што веќе е потврдено Mercedes ќе го открие новиот E-Class во вторник, 25-ти април, во 5 часот попладне,по централноевропско време (11 часот претпладне, источно време). Не знаеме колку различни модел ќе видиме бидејќи Mercedes го развива вагонот E-Class Estate и високо подигнатиот All-Terrain, кои би можело да се појават и по 25-ти април. Производителот на автомобили исто така има AMG варијанти за откривање, но тие се очекуваат кон крајот на 2023 година или почетокот на 2024 година.