Англија, со убедлива победа од 4-0 над Малта, го продолжува својот сигурен настап во квалификациите за ЕП 2024. Веќе во првите половина час, најпрво со автогол од Апап, а потоа преку Трент Александер-Арнолд и Хари Кејн, во 28-та и 31-та минута, обезбедија сигурна предност од 3:0. Вилсон ја потврди победата со гол од пенал во 82-та минута. Со оваа победа, Англија е убедливо прва на табелата во нашата квалификациска група со девет поени од три натпревари.
Словенија,по првите две победи, денес загуби со 2-0 на гостувањето кај Финска во квалификациите за ЕП 2024. Во првото полувреме, Финците забележаа водство преку голот на Похјанпало во 13-та минута, а Антман по асистенција на Пуки беше стрелец на вториот гол во 64-та минута. Во квалификациската група “Х”, Финска и Словенија се на врвот со по шест поени, додека Казахстан, Северна Ирска и Данска имаат по три поени, а Сан Марино е без поени. Следните натпревари се закажани за 19. јуни, кога Финска ќе игра дома против Сан Марино, а Словенија ќе се соочи со Данска.