Барселона поведе со 1:0 во финалната серија!

Барселона, најуспешната екипа од регуларниот дел на сезоната, започна со победа од 97-88 против Реал Мадрид во првиот натпревар од финалето на Ендеса лигата. Тимот на Шарунас Јасикевичиус поведе со 1:0 во серијата во три добиени натпревари.

Реал Мадрид почна подобро и го држеше водството минимално во две четвртини. Таварес и Серхио Родригез беа најрасполоќени, додека Миротиќ му парираше на Јабуселе. Но, Миротиќ и Лапровитола, водени од каталонските фанови, направија серија од 7-1 и создадоа предност од +8 на две минути пред крајот. Реал Мадрид се обиде да се врати со намалување на разликата на -5 со погодоците на Љуљ и Чачо Родригез, но не успеаа да превземат контролата. На крајот, сепак Барселона славеше со 97-88.

Лапровитола беше најефикасен со 19 поени, а Миротиќ и Санли постигнаа по 14 поени, при што шестмина во тимот имаа двоцифрен број на поени. Во тимот на Реал Мадрид, Таварес постигна 15 поени, додека Серхио Родригез постигна 16 поени.

Вториот натпревар во серијата ќе се одигра во „Палау Блауграна“ во недела навечер.

Слични објави