Македонската фудбалска репрезентација одигра одлично прво полувреме, а потоа следеше очајно второ во кое примивме три гола и ја загубивме предноста од 2-0 која ја имавме по првите 45 минути, На крајот Украина го доби мечот со 3-2.
Mакедонија изигра две различни полувремиња на мечот против Украина, изгледавме моќно и доминатно во првиот дел и мизерно и изгубено во второто полувреме. Имавме предност од 2-0, но не успеавме да освоиме ниту ни бод.
Во првите 30 минути се одмеруваа силите и не се случуваше речиси ништо, но нашата репрезентација го имаше поседот на топката, повеќе се играше на половината на Украина, но шанси немаше. Потоа Украинците играа со рака во сопствениот шеснаесетник, судијата по прегледот на ВАР досуди пенал за нашата репрезентација. Барди стрелаше прецизно од белата точка и постигна гол за водство на Македонија од 1-0. По само осум минути подоцна Елмас постигна прекрасен еврогол од далечина и донесе водство од 2-0. Со “одлична” предност од два гола разлика и доминантна игра го завршивме првото полувреме.
Но работите тргнаа во сосема друг правец за нашата репрезентација во вториот дел. Најпрво во 62-та минута Забрни го намали резултатот на 2-1 и ја врати Украина во игра, за да потоа по само шест минути игра по одличниот продор на Мудрик, Конопља изедначи на 2-2 За да бидат работите уште полоши за Македонија во 73-та минута, Висар Муслиу заработи втор жолт картон, па нашата репрезентација остана со 10 играчи на теренот. На седум минути пред крајот Мудрик со прецизна асистенција го најде Циганков кој со глава реализираше за комлетен пресврт и водство на Украина од 3-2. Тоа беше и конечниот резултат на мечот.
Македонија и покрај одличната игра, го доживеа првиот пораз во квалификациите, но за жал според игрите на останатите репрезентации во групата, со овој пораз ги губиме и миминалните шанси во тешката група која ја имаме.