Мото ГП: Бањаја доминантен и на „Муџело“!

Пеко Бањаја актуелниот светски шампион во Мото ГП доминантно победи на шестата трка оваа сеона на патеката „Муџело“ на трката за Големата нграда за Италија, за Бањаја ова беше втора победа по ред сезонава.

Муџело патеката е позната по својата атрактивност и технички тешки завои, и секогаш изобилува со многу возбѕдувања, како и излетувања и неизвесност, што и овој пат не беше исклучок.

Како актуелен шампион во Мото ГП, Бањаја го освои дуелниот трофеј на Муџело, постигнувајќи најбрзо време на сесијата за квалификации вчера и најбрз круг на главната трка денеска.

Ова е втора година по ред што Бањаја го освојува домашниот трофеј и демонстрира доминација, со неколку секунди предност пред вториот возач денеска, Хорхе Мартин од Прамак Дукати.

Жоан Зарко се придружи на пиедесталот денеска, победувајќи во битката против Лука Марини. Бодови освоија уште и Биндер, Еспаргаро, Милер, Безеки, Бастијанини и Морбидели, додека браќата Маркез имаа катастрофален викенд, со излетувањата на Марк и Алекс.

Слични објави