АБА лига: Партизан со 17 тројки, за полуфинале!

Партизан со убедлива победа (112-83) се пласираше во полуфиналето на регионалната АБА-лига, без да дозволи грешка како во претходните два меча.

Екипата на Жељко Обрадовиќ се соочи со Студентски Центар во одлучувачката средба. Иако ја загубија првата средба во Белград и едвај ја преживеа втората во Подгорица, овој пат се фокусираа и заиграа посериозно. Партизан водеше од почеток до крај, а најголемиот фактор за убедливото водство беше шутот за три поени.

Екипата од Белград реализираше 17 тројки од 29 обиди и прилично потсети на шутерите од Голден Стејт во НБА-лигата со нивната висока ефикасност за три поени. Нанели беше најдобар стрелец со 17 поени, Ледеј го следеше со 14 поени, додека Лесор постигна 13 поени. Кај Студентски Центар, Ивишиќ имаше 13, а Тасиќ 12 поени.

Oсвен Партизан, во полуфиналето се уште Цедевита Олимпија, Црвена Звезда и Будуќност.

Слични објави