Александар Трајковски, македонскиот репрезентативец, продолжува со впечатливи настапи и постигна нов гол за својот тим Ал-Фејха.
Во натпреварот против Ал-Раед, крилниот играч се издвои и го спаси својот тим од пораз за конечни 1-1. Ал-Раед водеше со 1:0 од 24-та минута на натпреварот, но Трајковски успеа да заблеска во 80-тата минута, откако по корнерот од Павков, стрелаше прецизно со глава и го постигна израмнувачкиот гол.