“Apple” со повеќе корисници од “Android”!

Приказната за актуелноста на “Android” и “Apple” секогаш ќе биде актуелна, а според најновите бројки, едната страна ќе биде многу позадоволна во оваа година. Според последниот извештај на “Consumer Intelligence Research Partners” (CIRP), во последните 12 месеци “Apple” доби повеќе корисници од “Android” платформата отколку во кое било друго време во последните пет години. “CIRP” откри дека од март 2022-ра до март 2023-та година, 15% од купувачите на “iPhone” посочиле дека се префрлиле од телефон со “Android”. Ова е уште еден доказ дека “Apple” секој ден станува се популарен од “Android”.

Познатиот портал “TechRadar” открива пет можни причини зошто е тоа така. Па да видиме кои се тие причини:

  1. Подолга софтверска поддршка: Според “TechRadar”, “iPhone” нуди беспрекорна софтверска поддршка, што е една од неговите главни предности во споредба со уредите со “Android”. “Apple” обезбедува софтверска поддршка за “iPhone” пет или шест години, со редовни ажурирања. “Android” телефоните, пак, не се поддржани толку долго, иако “Samsung” во последно време напредува во таа област.
  2. Подобра вредност при препродажба на “iPhone”: “iPhone” е паметна инвестиција за оние кои ги менуваат телефоните често, бидејќи задржуваат пристојна вредност подолго време. Цената на телефоните со “Android” драстично опаѓа со текот на годините.
  3. “iMessage” на “iPhone”: “TechRadar” вели дека причината за “iMessage” оди подалеку од едноставното испраќање на пораки, но е тешко да се каже со сигурност што е тоа.
  4. Популарноста на “iPhone” кај младите: Една неодамнешна студија покажа доминација на “iPhone” меѓу младите.
  5. „iPhone“ има подобар избор на апликаци, и не станува збор за бројот на апликации, туку за нивниот квалитет. „TechRadar“ истакнува две причини како најважни. Првата е дека програмерите на апликации заработуваат повеќе пари преку „iOS“, па затоа му даваат приоритет на „App Store“ пред „Play Store“. Втората е дека во „App Store“ има поголем избор на професионални апликации за креативност итн.

Слични објави