Лука Дончиќ имаше одлични партии оваа сезона, но неговиот им Далас Маверикс не успеа да се пласира во плејофот на НБА-лигата. Како за утеха, екипата на Далас на нивниот профил на Твитер објави дека најдобрата асистенција на сезоната ја има токму Дончиќ.
Словенечкиот кошаркар на мечот против Пејсерси, беше истеран во корнер но успеа да помине двајца играчи и успешно да додаде преку еден противнички играч, на другата страна на теренот, до неговиот соиграч Харди, кој беше оставен сам и погоди тројка.