Услов да остане Ираола, е да остане и Столе!

Шпанскиот фудбалски клуб Рајо Валјекано во Примера, се бори за место во Европа во тековната сезона, со нашиот капитен Столе Димитриевски на голот.

Клубот има желба да ја продолжи одличната соработка со актуелниот тренер Андони Ираола, но тој има “спортски услови” пред да потпише нов договор. Ираола смета дека нашиот Димитриевски е дел од главниот костур, како и уште неколку фудбалери од првиот тим и дека со нови договори ќе ја задржи екипата комплетна.

Имено Ираола инсистира брзо да се продолжат договорите со важните играчи,од причина што на неколку фудбалери од првиот тим, им истекуваат до летото наредната година, меѓу кои е и нашиот голман Столе Димитриевски, и се плаши дека летово ќе добијат солидни понуди за трансфер. Клубот најави дека нема да го распродава тимот, што е во интерес на Изи Палазон.

Димитриевски во интервју за шпанските медиуми изјави дека е подготвен да остане во клубот,па дури и да ја заврши кариерата во клубот од Мадрид, секако доколку раководството на Рајо има желба да го задржи. Во тековната сезона, Димитриевски има девет чисти мрежи и веќе пет години е дел од Рајо Валјекано.

Слични објави