Јувентус, најтрофејниот италијански клуб, се наоѓа во комплетен хаос во тековната сезона. По одземањето и потоа враќањето на 15 бода поради процедурални грешки, се очекува утре да му бидат одземени 12 бода од страна на сојузниот апелациски суд на Италија. Оваа нова казна би значела дека „старата дама“ нема да има можност да настапи во Европа, бидејќи УЕФА се очекува да ги суспендира од меѓународните настапи на основа на овие одземени бодови.
Во апелацискиот суд утре ќе се одржи сослушување за малверзациите поврзани со незаконско стекнување на капитална добивка, фиктивен буџет и измама на финансискиот фер-плеј. Според информациите од „Кориере дела Спорт“, обвинителството располага со нови докази за малверзациите, и се очекува дека новата казна од минус 12 бода ќе биде му биде наложена, така што клубот нема да може да ја избегне. Ако се случи ова, Јувентус ќе падне од тековните 69 бода на 57, што ќе го стави на осмото место во табелата, со четири бода зад седмата позиција на Рома. Ова значи дека клубот нема да има можност за настап во Европа, бидејќи УЕФА ќе ја прошири казната и нема да му остави теоретска шанса за настап на меѓународна сцена.