Вардарци заедно со Комити, славеа на плоштад!

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар повторно се врати во елитното натпреварување-Македонската прва лига. „Црвено-црните“ денеска остварија победа од 3:0 против ФК Скопје во бараж натпреварот за пополнување на место во Првата лига за сезоната 2023/24. Тоа предизвика огромна еуфорија кај многубројните фанови на клубот.

Прославата и дочекот на фудбалерите на Вардар се одржа до касно вечерва на плоштадот во Скопје.

Вардарци во отворен автобус пристигнаа пред Порта Македонија, каде го славеа заедно со своите навивачи, долгопосакаваното враќање во Првата лига .

Слични објави