Милан ќе претрпри структурни промени во неговото раководството, од каде денеска замина легендата Паоли Малдини. Легендарниот фудбалер на „росонерите“ ја вршеше функцијата на спортски директор, но неговата визија за иднината на клубот не е иста со таа на сопственикот Гери Кардинале.
Денешниот состанок одржан помеѓу Малдини и Кардинале дополнително ја влоши ситуацијата по кој Малдини, и покрај тоа што донесе титула минатата сезона, донел одлука моментално да замине од клубот, пренесуваат италијанските медиуми. Заедно со него ќе си оди и вториот директор Рики Масара, па ова е најава за турбулентни денови во Миланело спортскиот центар уште пред да дојде до планирање на новата сезона.
Главните недоразбирања се околку буџетот за трансфери на клубот. Според Малдини сопственикот треба да го „одврзе ќесето“ за Милан да биде конкурентен следната сезона во европските натпреварувања и во Серија А, додека Кардинале изразил незадоволство и од веќе моменталните фудбалери, посебно од трансферот на напаѓачот Чарлс де Катела кој е купен за 35 милиони евра, а нема постигнато ниту еден гол сезонава.