Постекоглу нов тренер на Тотенхем!

Англискиот премиерлигаш, Тотенхем по долга потрага најде нов тренер. Анге Постекоглу, кој досега го предводеше шкотскиот шампион Селтик, ќе преземе клупата на лондонскиот тим. Според информациите од англиските медиуми, Постекоглу успеа да ги договори условите за преселба во Лондон.

Во своето двегодишно работење во Селтик, Постекоглу оствари голем успех. Оваа сезона, тимот од Глазгов ја освои тројната круна под неговото водство.

Постекоглу, австралиец со грчко потекло, успеа да убеди претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, да го ангажира како тренер. Неговиот напаѓачки стил на игра, кој го применуваше во Селтик, беше еден од факторите што оставија длабок впечаток врз Леви.

Слични објави