Премиер лига: Сити шампион, Брајтон со излез во Европа, Лидс пред испаѓање!

Манчестер Сити, ја освои третата последователна титула во Премиер Лигата. Фудбалерите на Манчестер Сити го совладаа лондонски Челзи со 1:0 во натпреварот од 37-то коло од англиската Премиер Лига. Единствениот погодок на натпреварот го постигна Хулиан Алварез во 12-тата минута. Навивачите го прославија освојувањето на третата последователна титула со голема прослава на стадионот „Етихад“.

Манчестер Сити има уште два преостанати натпревари во Премиер Лига, кај Брајтон и кај Брентфорд, а исто така има можност за двојна круна со финалето на ФА Купот против Манчестер Јунајтед и финалето во Лигата на шампионите против Интер во Истанбул.

Во друг натпревар, Вест Хем со пресврт славеше против Лидс Јунајтед со 3:1, со што Лидс Јунајтед се намести на 18-то место, два бода зад Евертон кој е на 17-то место. Лестер Сири исто така се надева на спас, а треба да го одиграат дуелот со Њукасл Јунајтед. Во последното коло, Лидс ќе игра против Тотенхем, Лестер ќе биде домаќин на Вест Хем, а Евертон го пречекува Борнмаунт.

Брајтон си обезбеди место во Лига Европа со денешната победа од 3:1 над Саутемптон. Со оваа победа, Брајтон се зацврсти на шестата позиција со 61 бод. Саутемптон одамна е во втора лига и ја заврши сезонава со само шест победи и исто толку ремија и собра само 24 бода.

Слични објави