Лацио на чекор до пласман во ЛШ, Имобиле незапирлив!

Екипата на Лацио на чекор е да го осигура своето место во Лигата на шампионите, по денешната победата против екипата на Удинезе. Со овој триумф, Лацио се наоѓа на третото место со 68 бода, со четири бода повеќе од петтопласираниот Милан, и има можност сами да одлучуваат за пласман во Лигата на шампионите, во преостанатите две кола.

Единствениот гол беше постигнат од страна на Имобиле, кој избори пенал и го реализираше во 61-та минута. Ова беше неговиот 200-ти гол за Лацио, вклучувајќи ги и неговите настапи во Серија А (162 гола) и во Купот на Италија (38 голови). Имобиле се придружи на листата на тројца играчи, заедно со Ди Натале и Тоти, кои успеале да постигнат 200 голови за еден клуб во Серија А.

Илија Несторовски, кој играше за Удинезе, беше активен на теренот во текот на 70 минути и постигна гол, но тој беше поништен поради офсајд.

Слични објави