Пазарот на труд и поддршката на младите

од Вести365.МК Ј.Р.

Успешното ангажирање на младите на пазарот на труд и инволвирањето во општествените текови е од клучно значење не само за нивните лични економски перспективи и благосостојба, туку и за севкупниот економски раст и социјалната кохезија. Затоа, инвестирањето во младите треба да биде приоритет во политиките на една држава. Преку соодветни вештини, вработување, социјални и пошироки поставувања на политики, младите имаат можност да го исполнат својот потенцијал и да ја задржат довербата во нивните идни перспективи.
За тоа потребна е поддршка од страна на државните институции во делот на политиките кои се креираат во областа на Економијата да посветат посебно внимание и грижа во осигурување на развојот на професионално насочување и усовршување на младите. Всушност младите се тие кои се соочуваат, но и покажуваат силна мотивација за решавање на глобалните предизвици како што се, зголемената економско финансиска нееднаквост, намалениот простор за нивно учество во граѓанското општество и затвореноста на демократските институции. Во такви околности се појавува потребата од составување на Акциски план за млади со примена на добри практики и искуства од земјите на ЕУ. Активностите кои би се презеле за поддршка на младите во таквиот план би се однесувале на поголем збир од активности меѓу кои би ги издвоиле следниве две поглавја како клучни;

  1. Соодветна грижа за сите млади луѓе да стекнат соодветни вештини преку;
    -Настојување да се обезбедат услови низ формалното, како и неформалното учење, да се стекнат со соодветни вештини, вклучувајќи социјални, емоционални и креативни вештини, за успешно ангажирање во сè повеќе дигитализирани и зелени економии.
  • Дизајнирање на образовни патеки кои овозможуваат напредок и ги подготвуваат уште од ученички клупи – учениците за широк опсег на аспирации, во согласност со компетенциите кои се бараат на пазарот на трудот.
  • Обезбедување на ефективно и рано кариерно водство и советување за да им помогнете на младите луѓе, премин во рамките на образовниот систем од училиште до работа.
  • Детектирање на систематските бариери, стереотипите и предрасудите врз основа на пресеците на полот, сексуалната ориентација, раса, класа, етничка припадност, религија, инвалидитет, статус на мигранти, итн. Во образованието и кариерниот избор.
  • Промовирање на пристапот до доживотното учење, усовршување и преквалификација, препознавањето на вештините и квалитетното учење засновано на работа и зајакнување на врските со приватниот сектор и социјалната економија.
  • Ублажување на предвременото напуштање на училиштето на оние кои што предвремено го напуштаат, атрактивни можности за втора шанса и програми за препознавање на вештини.
  • Справување со дигиталните поделби и истражување на флексибилни и иновативни пристапи за да се олесни учењето од далечина и електронското учење за сите ученици.
  1. Поддршка на младите во нивната вклученост на пазарот на трудот
  • Промовирање на создавање работни места преку макроекономски политики и насочени политики за инвестирање, вклучително и преку субвенции за вработување и даночни олеснувања.
  • Отстранување на бариери на пазарот на трудот за младите и намалување на процентот на млади луѓе во несигурно вработување (без договор).
  • Социјален дијалог и ефективно колективно договарање за да се обезбедат фер резултати на пазарот на трудот за млади луѓе.
  • Инвестирње во квалитетни, исплатливи услуги за вработување со рана идентификација на младите луѓето кои се изложени на најголем ризик од исклучување на пазарот на трудот и обезбедување на приспособена поддршка.
  • Промовирање на пристапот до претприемништвото преку подобрено советување (вклучувајќи пост-креација коучинг), образование, обука и пристап до финансии и мрежи.
    Ова се само мал дел предлог активности кои би ја сочинувале агендата на акцискиот план за воспоставена соработка помеѓу пазарот на трудот и младите базирана врз реални добиени резултати.
    Младите треба да бидат ангажирани во процесот преку разни канали на соработка, но треба да им се даде глас и можности да предложат решенија за предизвиците со кои се соочува нивната генерација денес.
    Љупчо Ристески
    Политички активист

Слични објави