НБА драфт: Спарси го земаа првиот пик, Виктор Вембањама!

На драфтот во НБА лигата за 2023 година, Сан Антонио Спарс го избраа Виктор Вембањама како прв пик. Вембањама, француски играч со висина од околу 225 цм, беше најочекуваниот прв пик по Леброн Џејмс и стана првиот играч кој Спарс го избраа како прв пик после 1997-та година, кога го избраа Тим Данкан. Тимот на Спарс со Данкан освои пет шампионски титули.

Шарлот Хорнетс го избраа Брендон Милер, крилото од Универзитетот во Алабама, како втор пик, додека Скут Хендерсон падна на третото место и беше избран од Портланд Трејл Блејзерс. Веќе се шпекулира, дека е можно Блејзерс да го разменат Хендерсон за веќе искусен играч.

Хјустон и Детроит ги избраа близнаците Амен и Аусар Томпсон како четврти и петти пик. И станаа првите близнаци кои се нашле на НБА драфтот.

Во текот на драфтот, неколку трејдови беа извршени, а Далас Маверикс учествуваше во два. Тие го разменија својот 10-ти пик со Оклахома за нивниот 12-ти пик и идно обештетување. Исто така, го добија пикот број 24 од Сакраменто Кингс и со него ги избраа центарот Дерек Лајвли и канаѓанецот Оливие-Максенс Просперо.

Орландо го избра Ентони Блек од шестата позиција,Индијана и Вашингтон ги разменија своите седми и осми пикови, при што Вашингтон го доби Билал Кулибали, уште еден млад француски играч и соиграч на Вембањама во Мец 92. а Џарас Вокер заврши во Вашингтон. Тејлор Хендрикс е нов член на Јута, а како десетти е избран Кејсон Валас кој стана нов соиграч на Дончиќ во Далас. Во првиот круг од драфтот не беа избрани играчи од Европа.

Слични објави