Против Резолуцијата на германскиот Бундестаг се само партии од Бугарија и ВМРО-ДПМНЕ-Левица. Во усвоената Резолуцијата на германскиот Бундестаг се дава силна поддршка за европскиот пат на земјава, но исто така се признава македонскиот идентитет, јазик и култура, велат од СДСМ.
Според нив прашањето е кој е заедничкиот интерес на ВМРО-ДПМНЕ-Левица со овие партии од Бугарија?
“Германскиот Бундестаг ги признава македонската култура, идентитет и јазик. Во Европската Унија, која се карактеризира со голема разновидност на јазици и култури, јазиците се составен дел од нашето заедничко културно наследство.
Јазичната разноликост се практикува во повеќејазичноста на програмите и во работата на институциите. Македонскиот јазик и култура дополнително ќе ја збогатат оваа разноликост. Европската Унија го смета зачувувањето и заштитата на ова богатство како една од нејзините најважни задачи“
Ова се извадоци од Резолуцијата против која се само ВМРО-ДПМНЕ-Левица и партии од Бугарија.
Зошто ВМРО-ДПМНЕ-Левица е против признание на македонскиот идентитет, јазик и култура?, велат од СДСМ.