Марк Закерберг стана татко по трет пат: „Добре дојде во светот, Аурелиа“(ФОТО)

од Вести365.МК Ј.Р.

Двојката ја потврди веста со објава на Инстаграм.

„Добре дојде во светот, Аурелиа Чан Закерберг! Ти си толку мал благослов“, напишаа тие во објавата и го открија името на нивното девојче.

Основачот на Фејсбук и Мета со сопругата Присила ги има седумгодишната ќерка Максима, родена во декември 2015 година и петгодишната Август, родена во август 2017 година.

Закерберг и неговата сопруга, 38-годишен филантроп и поранешен педијатар, се запознале во тоалетот на една забава во 2003 година, додека двајцата сè уште биле студенти на Харвард. Набрзо почнале да излегуваат и се венчале девет години подоцна, во 2012 година, на интимна церемонија во нивниот двор.

Слични објави