Ајакс губеше, се врати, па на крајот изгуби! Познатиот “Класикер”, дуелот помеѓу Ајакс и Феенорд заврши со победата на гостите со резултат 3:2 и може да има голема улога во борбата за титулата.
Неверојатен е податокот дека ова е првата победа на гостување против Ајакс од 2005 година.
Тадиќ му донесе водството на својот тим во 37-та минута, откако претходно Хименез го донесе во водство Феенорд во 5-тата минута, а Алварез го израмни резултатот во 17-та минута. Првото полувреме заврши со резултат 2:1, но веќе во 52. минута Зимански израмни повторно.
Лучарел Гертруида беше стрелец во 86. минута, па Феенорд успеа да се врати и да освои три многу важни бода.
По натпреварот од 26-то коло, Феенорд има 61 бод, а Ајакс 55 бода, два бода и натпревар повеќе од екипата на АЗ Алкмар, и три повеќе од екипата на ПСВ.
Остануваат уште осум кола до крајот на сезоната.