Советот на Општина Кисела Вода, на 26. 12. 2022г., донесе одлука за извршување на Буџетот на Општина Кисела Вода за 2023 година и истата е доставена до Министерството за финансии, од каде единствената забелешка е дека текстот во една реченица треба да се замени со формулација која ја користи актуелното Министерство за финансии. Да се скрати текстот, бидејќи било предетално објаснето, се вели во реакцијата на општина Кисела вода за наводното покачување на платата на Ѓеорѓиевски на 90.000 денари.
Според нив, во текстот за кој се бара промена и што Општината треба да го спроведе, воопшто не се работи за корекција ниту на коефициент, ни на основицата по која се пресметува платата. Платата е определена со член 17-в од Законот за плата на функционерите и други избрани и именувани лица во Републиката.
„Познавачите на финансиските закони и нивното спроведување, новинарите кои се занимаваат со економија, знаат дека платата на градоначалникот е утврдена со овој Закон за исплата на плата на функционери и именувани лица и знаат како таа се пресметува. Основицата е законски утврдена, а коефициентот со кој се множи основицата, се пресметува според бројот на жители. Ниту се работи за какво било зголемување на платата на Градоначалникот, што многу лесно може да се разбере за тој што го познава законот“, порачуваат од Општината.
Вчера реагираше и Ѓорѓиевски кој вели дека ниту барал покачување ниту досега искористил општински пари за лични потреби.
– Ниту се работи за какво било зголемување на платата на Градоначалникот, што многу лесно може да се разбере за тој што го познава законот. Можете и сами да се уверите од материјалите во прилог. Досега лично јас имам потрошено нула денари од општината за лични потреби. Ниту имам намера да трошам средства за репрезентативни цели, не користам службени возила, а со тоа ниту имам потреба од службено гориво. Не сум потрошил ниту денар за службени ручеци со пари од граѓаните, како што беше тоа случај во минатото со други градоначалници. И сега поставувам прашање на кого му пречам и мојата работа. На кого му пречи градоначалник што само за една година има остварено 70% од предизборната програма, напиша тој.
https://www.facebook.com/1OrceGj/posts/750752570011368