Макс Верстапен, возачот на Ред Бул, победи на трката за Големата награда на Канада на патеката во Монтреал, со што направи уште еден огромен чекор кон титулата во Формула 1. Тој ја искористи пол-позицијата и го запиша шестиот триумф во сезоната, вкупно 41-от во кариерата, а стоти за Ред Бул. Но, најголемо изненадување беше фактот дека Макс победи со мртва птица заглавена во неговиот болид.
Фотографија на мртвата птица во сопирачките канали на неговиот болид беше објавена од тимот, но тоа не го спречи Верстапен да дојде до победата.

Од Шпанија доаѓаат остри критики, особено од страна на “Марка” и други влијателни медиуми, против Луис Хамилтон поради инцидентот кој се случи во 14-от круг од трката. Алонсо и Хамилтон влегоа истовремено во боксот за замена на пневматиците, каде Хамилтон изведе ризичен маневр и се протна пред Алонсо. Стјуардите го забележаа маневарот, но не преземаа никакви мерки.
Беше јасно дека Алонсо мораше да закочи додека се враќаше на патеката по првото застанување, бидејќи Хамилтон беше пред него во боксот. Механичарите на Астон Мартин беа побрзи од колегите од Мерцедес и успеаа да ги заменат гумите на Алонсо за 2,5 секунди, додека на Мерцедес за тоа му требаа 3,7 секунди. Сепак, Хамилтон успеа да го блокира патот на Алонсо и стјуардите не преземаа никакви мерки против него.