Kошаркарите на Барселона ја освоија титулата во Шпанија, по победата над Реал Мадрид и тоа на теренот на противникот во третиот натпревар.
Така екипата на Барса со конечни 3:0, буквално го збриша вечниот ривал, и дојде до нова титула во првенството. „Каталонците“ благодарение на одличната игра во вториот дел, дојдоа до оваа победа, а особено во последната четвртина која ја добија со 16-26.
Ова беше еден вид освета на Барселона,за поразот на Ф4 во Евролигата, кога „кралевите“ подоцнаа станаа европски прваци.
Вечерва најефикасен кај Барса беше Јан Весели со 19 поени, а исто толку имаше и Таварес кај Реал Мадрид.