Јувентус убедлив и против Кремонезе, Погба повторно се повреди!

Во дуел од 35. коло на италијанската Серија А, фудбалерите на Јувентус се бореа да обезбедат место во Лигата на шампионите. На свој терен, вечерва „старата дама“ рутински го совлада Кремонезе со 2-0 (0-0).

Пресметката на „Алијанц Стадион“ започна бавно, без вистинско темпо и со гранитна одбрана на гостите. Повредата на Пол Погба, кој беше стартер по пауза од 13 месеци (од април 2022), дополнително го сруши темпото. Јувентус имаше две шанси за погодок, но Милик и Бремер не успеаја да ги конвертираат во гол. Мрежите мируваа на паузата.

Во вториот дел, откако Киеза и Рабио создадоа воведни шанси, младиот Николо Фаџоли го отвори резултатот со одличен удар стрела во 55. минута. Јувентус не застана на водството и продолжи да доминира. Во 79. минута, точка на победата беше ставен од дефанзивецот Бремер, кој со глава погоди по одбиена топка.

Мечот го одбележа францускиот играч за врска, Пол Погба, ккој онечно го доби својот прв старт по враќањето во тимот. Но, по само 20-тина минути од играта, тој го напушти теренот со солзи во очите. Се случи по една акција во која самиоттој ја заврши со центаршут, а потоа стана јасно дека нешто не е во ред со него. Погба сфати дека следи нова пауза, а потоа ги совлада емоциите и со солзи во очите го напушти теренот. Соиграчите и физиотерапевтите му дадоа поддршка, но најверојатно сезоната за него заврши. Погба последен пат стартуваше на официјален меч во април минатата година, а со овој неуспешен старт, продолжи малерот кој го следи.

Слични објави