Трката за шампион во Ла Лига е завршена, вечерва фудбалерите на Барселона станаа шампиони на Шпанија, откако со победата над градскиот ривал Еспањол со 4-2 дојдоа до недостижна предност пред Реал Мадрид на четири кола до крајот на сезоната. Ова е прва титула за Каталонците по пауза од четири години и 27-ма во историјата на клубот. Ова е прва круна за Барса без Лионел Меси во тимот по пауза од дури 24 години.

Атлетико Мадрид ја загуби шансата да се врати на второто место во Ла Лига, бидејќи го претрпе најнеочекуваниот пораз оваа сезона од Елче со 1-0. Реал Мадрид сега е на второто место, откако фокусот на тимот беше на Копа дел Реј и Лигата на шампионите. Елче, кој ќе игра во Сегунда следната сезона, го победи Атлетико со подобра игра во сите 90 минути, а Симеоне му честиташе на ривалот и даде интересна изјава.
– Елче одигра многу добар натпревар, покажа поголем интензитет во сите 90 минути и заслужено победи. Беа пофокусирани во малиот број шанси кои ги имаа и мора да им честитаме. Станува збор за испаднат тим од Ла Лига, но покажа чест и гордост. Елче ја покажа сета убавина на фудбалот, – изјави Симеоне.