Чави Ернандез, тренерот на Барселона, изјави дека сака Лионел Меси да се приклучи на нивниот тим.
Веќе подолго време се зборува за враќање на Лионел Меси во Барселона, а како што стојат работите, враќањето на славниот Аргентинец е блиску.
За ова зборуваше и тренерот на Барселона и поранешен соиграч на Меси, Чави.
“Лео Меси ќе ја донесе својата одлука следната недела, но тој сака да дојде кај нас. Тој знае дека сме подготвени да го пречекаме, ништо не е сменето и ние имаме свои шанси. Го сакаме Лео тука, а тој нека одлучи. Подготвен сум да го вклучиме во системот“, изјави Чави за Мундо Депортиво.

EPA-EFE/Enric Fontcuberta