Ф1: Пол-позицијата за Верстапен, Леклер казнет!

Макс Верстапен, кој е двоен светски шампион, ќе стартува прв на патеката во Монако откако денеска беше најдобар во квалификациите. Верстапен беше побрз од Фернандо Алонсо, чие време беше 0.084 секунди поспоро.

Во почетокот, Верстапен заостануваше 0.2 секунди зад Алонсо, но во завршниот дел успеа да го надмине и да заврши пред него.

Шарл Леклер ќе стартува од третото место, Окон од Алпин од четвртото место, Сајнц од Ферари од петтото, а Хамилтон од Мерцедес од шестото место.

Но по завршување на квалификациите се огласија стујардите на патеката и објавија дека поради казна, ЛЕклер ќе тргне од шестата позиција, иако заврши трети во квалификациите, затоа што намерно го блокирал Ландо Норис од Мекларен во тунелот. Норис возел брз круги поради тоа не успел да подобри својот резултат, останувајќи на десеттото место.

“Леклер го заврши својот последен круг во третиот дел од квалификациите и беше на патеката. Норис беше во брз круг, стигна до Леклер во средината на тунелот и беше јасно дека беше блокиран”, изјавија стјуардите.

Затоа, Леклер падна на шестото место, а Естебан Окон, Карлос Саинц и Луис Хамилтон го подобрија својот пласман за по едно место.

Слични објави