Баерн ги отпушти Кан и Салихамиџиќ!

Германскиот клуб Баерн Минхен ги отпушти поранешниот генерален директор Оливер Кан и спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ веднаш откако ја освои 11-тата последователна шампионска титула во Бундес лигата, соопшти клубот.

Откажувањето на Кан беше изненадување за многумина, бидејќи тој не беше присутен како почесен гостин на мечот во Келн.

Првобитно, се постави прашање за здравствени проблеми, но германските медиуми “Билд” и “Кикер” веднаш објавија дека двајцата директори поднесле оставки на претходниот состанок. Сега ова официјално стана потврдено.

Досегашниот заменик директор Јан Кристијан Дресен ќе го замени Кан, додека уште не е одлучено кој ќе го наследи Салихамиџиќ.

Пред неколку часа, Баерн ја освои титулата со победа од 2:1 против Келн. Меѓутоа, главната заслуга за освојувањето на титулата и припаѓа на Борусија Дортмунд, која не успеа да ја искористи својата шанса за титула, и заврши со нерешен резултат 2:2 против Мајнц.

Слични објави