“Старците” на Реал Мадрид, ќе играат за Шпанија на Мундобаскетот!

Претседателот на шпанската кошаркарска федерација, Хорхе Гарбахоса, објави дека ветераните Руди Фернандез, Серхио Родригез и Серхио Љуљ ќе играат за националниот тим на претстојното Светско првенство. Триото, членови на легендарната екипа што ја освои Евролигата го потврдија своето учество на Светското првенство кое ќе се одржи во Јапонија, Филипини и Индонезија, од 25-ти август до 10-ти септември.

Сите тројца, Фернандез, Родригез и Љуљ, имаат богата кариера со шпанската национална екипа, а Фернандез ја освои и европската титула со Шпанија. Шпанија, која е актуелен светски шампион, ќе настапи во групата Г на Мундобаскетот, заедно со Иран, Бразил и Брегот на Слоновата Коска. Љуљ и Родригез не играа на минатогодишниот Евробаскет, но сега се приклучуваат на тимот за Светското првенство.

Слични објави