Познатата актерка за битката со тешката болест: „Ова е веројатно мојата последна церемонија на доделување награди“

од Вести365.МК Ј.Р.

Актерката Кристина Еплгејт се отвори за животот со мултиплекс склероза, откривајќи дека состојбата е „е**но срање“.

Еплгејт неодамна разговараше со Vanity Fair за да открие колку е тешко да се живее со исрпувачката болест која и го преврте животот наопаку. Актерката, на која и беше дијагностицирана мултиплекс склероза во август 2021 година, беше принудена да се повлече од улогата во серијата на Нетфликс „Dead to Me“.

За време на снимањето на третата и последна сезона од серијата, Еплгејт откри дека почнала да чувствува „болка во нозете и тресење“, што ја принудило да одвои малку време за да ги обработи вестите пред да се врати на работа и да го заврши снимањето.

„Ми недостига тоа искуство, но во исто време, бидејќи тоа беше неверојатна борба изминатава година, чувствувам олеснување што повеќе не морам да се трудам толку многу за да го пребродам денот“, рече таа во интервју за популарниотмагазин. Сепак, нешто или подобро кажано на некој што му недостига на снимањето е нејзината колешка Линда Карделини, која ја играше Џуди во серијата.

Таа се бори со наједноставни задачи

„Тоа беше взаемно спознавање, не само како тие ликови, туку и како две драги пријателки и актерски партнерки“, изјави Еплгејт. Новинарот потоа ја праша како се чувствува по двегодишно боледување. Актерката призна дека никогаш нема „добар ден“.

„Имаш само мали уср*ани денови. Луѓето велат: „Па, зошто повеќе не се тушираш? Па, затоа што влегувањето во туш е страшно. Можеш да паднеш, може да се лизнеш, нозете може да ви се тресат. Особено затоа што имам стаклен туш. За мене е страшно да влезам таму“, рече таа.

Еплгејт додаде дека се бори со наједноставните задачи, вклучувајќи одење по скали и носење работи. „Тоа е е**но срање. Сè уште можам да возам на кратко растојание. Можам да му донесам храна на моето дете“, рече таа.

Актерката во февруари прошета на црвениот тепих со бастун на кој пишуваше „FU MS“.

Актерката, која е номинирана за наградата SAG за извонредна изведба на актерка во хумористична серија, претходно изјави за Лос Анџелес Тајмс:

„Ова е веројатно моето последно шоу за доделување награди, така што е голема работа. Во моментов, не можев да замислам да станам во 5 часот наутро и да поминам 12 до 14 часа на снимање. Во моментов го немам тоа во себе. “

Слични објави