Нела Манческа претставник на Македонија на Bravo Festival Junior 2024

од Вести365.МК | С.З.

Нела Манческа е нашата гордост, која оваа година ја претставува Македонија на Bravo Festival Junior 2024.

Bravo Festival е онлајн фестивал кој во изминатите две години, 2022 и 2023, беше прогласен за најдобар фестивал од овој тип. Пријавувањето на овој фестивал се одвива онлајн, со поднесување на апликација, каде претставници од целиот свет можат да земат учество.

Нела Манческа од Скопје, со своите 12 години е млад талент кој полека но сигурно зачекорува во светот на музиката и оваа година е единствениот претставник на нашата земја на овој фестивал.

Музичката изведба на младата Нела со која таа учествува на Bravo Festival Junior 2024 и влезе во потесниот избор може да ја погледнете на следниот линк.

Гласањето е во тек и истото ќе биде отворено на 22 и 23 март 2024.

Поддршката и вашиот глас со кој Нела може да стигне до врвот може да се даде на следниот линк.

Слични објави