Пелистер го победи Вардар, титулата по 18 години на чекор до Битола!

Вечерва во Битола, Еурофарм Пелистер го совлада Вардар со резултат од 26:23 (13:12 на полувреме) во рамките на ракометната Супер лига. Пелистер беше носен од петилјадната битолска публика и го диктираше цело време темпото на играта. Иако водството на домаќинот достигна +4 (12:8), Вардар успеа да се врати во играта и да ја заврши првата половина со минимална предност за Пелистер од 13:12.

Во вториот дел, Вардар успеа да израмни, додека Пелистер беше во криза, но домашниот тим брзо се опорави и со серија од 4:0 најавија триумфот. Со оваа победа, Пелистер го превзеде првото место на табелата во Супер лигата и по 18 години титулата е на чекор, имено до крајот на плеј-офот остануваат уште две кола во кои Пелистер ќе гостува на Охрид, а потоа ќе ја пречека екипата на Тиквеш на домашен терен.

Слични објави