Кралевите по 20-ти пат, го освоија Копа Дел Реј!

Реал Мадрид ја освои 20-та титула во шпанскиот фудбалски „Копа дел реј“ откако вечерва го совлада Осасуна со 2-1 во финалниот меч во Севилја.

Голот на Родриго во втората минута му донесе рано водство на Реал Мадрид, кој успеа да го задржи резултатот до полувремето. Во вториот дел, Осасуна успеа да израмни на 1-1 преку голот на Торо во 58-тата минута, но Родриго го осигура победата на „кралевите“ со својот втор гол во 70-тата минута.

Ова е јубилејната 20-та титула за Реал Мадрид во шпанското фудбалско натпреварување, што го прави еден од најуспешните клубови во историјата на оваа лига.

Слични објави