Кошаркарите на Денвер Нагетс ја вратија предноста во финалната серија на НБА лигата со победа против Мајами Хит со 94-109 на гостински терен и поведоа со 2:1. Со оваа победа, Денвер ја врати неизвесноста во серијата откако претходно Мајами успеа да направи “брејк” на вториот натпревар во Колорадо.
Мајами го започна подобро натпреварот, но не успеа да создаде поголема предност, со што му дозволи на Денвер да ја превземе контролата. Иако Мајами успеа да се врати и да игра рамноправно во првата половина, сепак Денвер водеше со 48-53 на полувремето. Во вториот дел, Нагетсите го задржаа водството и во завршниот период имаа убедлива предност.
Победата на Денвер ја обезбедија Џамал Мареј и Никола Јокиќ, кои забележаа по “трипл-дабл”. Мареј постигна 34 поени, имаше 10 скока и 10 асистенции, додека Јокиќ постигна 32 поени, имаше неверојатни 21 скок и запиша 10 асистенции. Кај Мајами, Батлер постигна 28 поени, а Адебајо заврши со 22 поени и 17 скока.
Следниот натпревар се игра во Флорида ноќта помеѓу петок и сабота.